Уште еден руски тајкун почина на чуден начин – наводно се отрул на сеанса со отров од жаба
Александар Суботин, поранешниот главен менаџер на Лукоил и член на Одборот на директори на нафтениот гигант, е пронајден мртов. Како причина за неговата смрт, се наведува труење од жаба, пишува британски Индепендент. Ова е последна во серијата мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени откако Москва ја започна својата инвазија на Украина.
Препорачано
По сеансата во Митишчи, град североисточно од Москва, Суботин наводно починал во подрумот од објектот.
Суботин, кој според извештајот на рускиот канал Маш на Телеграм бил пијан и под дејство на дрога, ги посетил шаманот Магуа и неговата сопруга во нивниот дом, за да го лекува мамурлакот со отров од жаба.
„Тие направиле засек на кожата, капнале отров од жаба – и откако повратил, состојбата на пациентот наводно се подобрила“, напишал каналот на Телеграм.
Но, тој наскоро паднал во бессознание и починал. Во извештајот се вели дека Суботин наводно долго време ги познавал шаманот и сопругата и често ги користел нивните услуги.
Неодамна, четворица сегашни и поранешни функционери на Газпром – заедно со уште еден руски енергетски функционер – загинаа под мистериозни околности во текот на неколку недели, откако почна инвазијата врз Украина.


