Уште еден репрезентативец потпиша за МЗТ Скопје

фото: МЗТ Скопје Аеродром

Станува збор за искусен крилен центар, кој одлично се снаоѓа и на позицијата „пет“, од кого се очекува да биде еден од факторите за добра игра на нашата екипа и тоа под двата коша.

Крстевски веќе има две шампионски титули за себе (2009 и 2018 година), што значи дека може и тоа како да биде од помош во обидот да го одбраниме пехарот од Првата лига освоен минатата сезона.

Центарот кариерата ја почна во Работнички, по што има играно и за Центар, Вардар, Торус и Кожув, а во периодот од 2012 до 2015 година настапуваше за грчка Кавала.

Во текот на вчерашниот ден „металците“ се засилија со талентираниот Кристијан Николов, претходно нови договори со МЗТ потпишаа Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, додека обврски од минатата сезона имаат Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ. Тренер на екипата останува Ѓорѓи Кочов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот