Уште еден чекор поблиску до враќање на Премиер лигата, дозволени тренинзи без ограничувања

 

Екипите од Премиер лигата денеска едногласно одлучија да се вратат на нормалните тренинзи, односно дозволени се контакти.

„Екипите сега се во можност да тренираат како група, додека препораката е да се намалат непотребите блиски контакти“, стои во соопштението на Премиер лигата.

Челниците на најатрактивното фудбалско првенство, уште еднаш потенцираа дека здравјето е приоритет на сите во овие моменти.
„Воведени се строги медицински протоколи со кои се обезбедува теренот за тренинг да биде најбезбедното место за самите фудбалери“.

Според протоколот, фудбалерите и членовите на стручните штабови ќе се тестираат на коронавирус два пати неделно.

Премиер лигата е прекината на 13. март, а нејзиното враќање се очекува кон средината на јуни. До крајот на сезоната треба да се доиграат девет кола, а на Ливерпул му се потребни шест бода за да ја освои титулата која ја чека точно 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот