Уште четри лекари починаа од коронавирус во Италија, бројката се искачи на 33

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Лекарите, медицинските сестри и здравствениот персонал се првите кои се изложени на ризик од коронавирус.

Уште четри лекари починаа од коронавирус во Италија. Со тоа, вкупната бројка на лекари кои го загубиле животот се искачија на 33.

Се работи за двајца стоматолози, еден општ лекар во Наполи и една лекарка во Бергамо во одделението за здравствена превенција.

Лекарите, медицинските сестри и здравствениот персонал се првите кои се изложени на ризик од коронавирус.

Денеска во Италија бројот на жртви се искачи на 7.503, во последните 24 часа бројот на заразаени лица е зголемен за 683. Лицата кои оздравиле се 9.362, додека само во последните 24 часа оздравиле вкупно 1.036 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот