Урнебесни факти за испуштањето гасови

Profimedia

Испуштањето гасови е сосема природно, има непријатен мирис и прави да се чувствувате олеснето.

Еве неколку интересни факти за оваа појава која ве тера да се насмеете.

Неколку студии докажале дека мажите почесто испуштаат гасови од жените.

Просечен човек испушта гасови 14 пати дневно.

Дневно испуштате доволно воздух за да надувате балон.

Испуштањето гасови е знак дека вашите црева се здрави. Бидете среќни при секое испуштање гасови зашто тоа значи дека немате дигестивни проблеми.

Вдишувањето на гасовите може да биде здраво. Студиите покажале дека изложеноста на сулфур водород ги намалува оштетувањата на митохондриите. Затоа, следниот пат кога некој ќе испушти „гулаб“ покрај вас, заблагодарете му се.

Многу е понепријатен мирисот кога жените ги испуштаат овие убавини на нивната внатрешност. Иако жените ова поретко го прават од мажите, докажано е дека женските гасови имаат понепријатен мирис поради поголемата концентрација на сулфур водород.

Брзината на испуштениот гас може да изнесува 10 м/с.

Колку што сте постегнати, толку испуштањето на гасот е погласно.

Соковите и гумите за џвакање ќе предивикуваат позачестено испуштање гасови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот