Унгарија прва во ЕУ почна со вакцинацијата против коронавирусот

Унгарија денеска почна со вакцинирање на здравствените работници со вакцината на Фајзер/БиоНТек против коронавирусот, еден ден порано отколку во повеќето други земји на Европската унија.

Унгарија, како и сите членки на ЕУ утрово ја прими првата пратка со вакцини против коронавирусот, што ќе биде доволно за имунизација на 4.875 лица. Вакцините биле доставени до Будимпешта со полициска придружба.

– Почнавме со имунизација меѓу здравствените работници во согласност со претходно дефинираниот план – рече владин портпарол.

Првите вакцинации се вршат во главниот ковид центар во Будимпешта, Централната болница Дел-Пест, а попладне и во втората главна болница во Будимпешта.

Унгарија до денеска има пријавено 315.362 случаи на ковид-19 и 8.951 починати.

Прочитајте и...  Јужна Кореја истражува причини за смрт на двајца пациенти кои примиле анти-ковид вакцина на „АстраЗенека“

Поврзани вести

ООН: Во Мјанмар денес беа убиени 38 лица и тоа е „најсмртоносниот“ ден од пучот

Илинка Иљоска

Снимка со дрон ги покажува сите последици од разорниот земјотрес во Грција

Илинка Иљоска

Средба на руски Сухој и два американски бомбардера над Балтикот

Слободен печат

Критички извештај на Стејт департментот: Организираниот криминал во Албанија пере пари и придонесува во корпцијата

Слободен печат

Спутник V стана „јаболко на раздорот“ во словачката влада

Слободен печат

Интерпол: Во Кина и Јужна Африка запленети стотици лажни вакцини против ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар