Умре млад рапер од Босна, колегите се простуваат од него! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Во Сараево почина младиот продуцент и музичар Ријад Фазлиќ Колатерал (25), јавуваат неговите колеги на социјалните мрежи. Причината за смртта сè уште не е позната.

Од него се опростуваат многу колеги, а меѓу нив прв се огласи познатиот Аднан Хамидовиќ Френки (37).

– Не напушти нашиот другар Ријад Фазлиќ Колатерал. Беше секогаш симпатичен, предобар, духовит и како таков ќе те паметиме, брате наш – започнал раперот.

– Твоето заминување е огромна загуба за целата домашна сцена и ќе ни недостигаат твоите зафрканции во студио. Те сакаат твоите другари – напишал Френки на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

И босанско-херцеговачкиот рапер Џала Брат (33) се опрости од колегата. Тој објави „стори“ на Инстаграм  и напиша:

– Имам обврска ова да го напишам. Имам обврска јавно да ти се заблагодарам за се што направи за мене, за моите колеги и комплетната хип-хоп сцена – започнал Џала.

– Благодарам за се легендо и жал ми е што не стигнав ова да ти го кажам во лице. Прерано замина, но барем остана твојот потпис и незаборавен траг. Убаво спиј ангеле… – напишал раперот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот