„Слободен печат“ / Драган Митрески

Улици и булевари во Аеродром ќе бидат затворени во недела поради трка

Утре (22 март, недела) од 07:30 до 11:30 часот во скопската општина Аеродром ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булеварот „Јане Сандански“, поради што ќе бидат затворени повеќе улици и булевари, извести МВР.

Натпреварувачите ќе се движат на дел од булеварот „Јане Сандански“ на потегот од крстосница со булеварот „Србија“ и булеварот „Видео Смилевски Бато“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“, на дел од улицата „Васко Карангелевски“ на потегот меѓу крстосниците со „Јане Сандански“ и булеварот „АСНОМ“ и на дел од булеварот „АСНОМ“, на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров“ и бул.„Србија“ до крстосницата со ул.„Васко Карангелески“.

Полицијата ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што тој ќе се пренасочува по околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полицајците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот