Украински командант од Азовстал: Ако ни снема храна – ќе ловиме птици

Фото : Твитер - Индустрискиот комплекс „Азовстал“ до Мариупол

Цивилите и украинските војници кои се кријат во фабриката за челик Азовстал во Мариупол се соочуваат со непрекинато бомбардирање, основните прехранбени производи недостасуваат додека украинските власти брзаат да ги евакуираат оние што се уште се внатре.

Според заменик-командантот на азовскиот полк од фабриката Свајтослав Паламар, нападите на руските сили се случуваат без престан, со тенковска и рафална артилерија и на секои три до пет минути има воздушно бомбардирање“ на руските борбени авиони.

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Тој додаде дека „се уште има цивили кои се кријат во фабриката, а непријателот продолжува да бомбардира“, пренесува CNN.
Околу 100 цивили беа евакуирани од централата во неделата, но сеуште не се спроведува дополнителна евакуација планирана за денеска

Во меѓувреме, атмосферата меќу засолентите лица во Азовстал е тензична , залихите на вода и храна се при крај, велат војниците кои се наоѓаат внатре и одбиваат да се предадат.

„Не можам со сигурност да ви кажам колку залихи во моментов ни остануваат и за уште колку денови,. Ги штедиме, преостанатите залихи, но луѓето се исплашени бидејќи се без вода и храна, а особено муниција“, рече Паламар,

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Тој посочи дека ако се случи најлошото и останат без храна „ќе ловиме птици, и ќе направиме се да останеме силни“.

Русија тврди дека нејзините војници стигнале до периметарот на фабриката и спроведуваат „чекор по чекор мисија за чистење“, што Паламар го негираше.

„Засега целата територија на фабриката е под наша контрола и нашата одбрана е по целата челичарница, ние ја држиме одбраната“, рече Паламар.

ВИДЕО | Андоновиќ: Раскол помеѓу Кремљ и руските генерали? – По Шојгу, мистериja за исчезнувањето и на генералот Герасимов

Пет руски олигарси, пет сомнителни смртни случаи и пет неодговорени прашања

ВИДЕО | Андоновиќ: Раскол помеѓу Кремљ и руските генерали? – По Шојгу, мистериja за исчезнувањето и на генералот Герасимов

Зеленски за изјавата на Лавров: Немам зборови

Велика Британија ќе обезбеди 356 милиони евра воена помош за Украина

Москва со економски контраудар: Овие мерки стапуваат на сила веднаш кон „непријателските земји“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот