Москва со економски контраудар: Овие мерки стапуваат на сила веднаш кон „непријателските земји“

владимир путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN POOL

Кремљ во кусото соопштение, наведува дека рускиот престедател Путин потпишал указ за реагирање на економските мерки во врска со „непријателските дејствија“ на некои странски земји, пренесува Телеграф Бизнис.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за возвратни и одмазднички економски мерки против непријателските земји, пренесува РИА Новости.

Оваа регулатива им забранува на федералните власти да водат бизнис со сите лица за кои важат посебните економски мерки.

Забрането е исполнување на обврските кон лицата кои се подложени на санкции, не се дозволени финансиски трансакции кои имаат корист од лица кои се подложени на санкциите, а забранет е и извоз на производи и суровини во земји надвор од Русија, доколку се испорачуваат во корист на лица подложени на санкциите.

Владата има рок од десет дена да состави список на сите на кои ќе важат санкциите.

Документот стапи во сила веднаш и ќе важи до укинувањето на посебните економски мерки.

Возвратните санкции доааѓаат во жестоката економска војна помѓу западот и Русија, а поради руската инвазија врз Украина.

ВИДЕО | Андоновиќ: Раскол помеѓу Кремљ и руските генерали? – По Шојгу, мистериja за исчезнувањето i на генералот Герасимов

Русија го обвини Израел дека го поддржува „неонацистичкиот режим во Киев“

Зеленски за изјавата на Лавров: Немам зборови

Украински командант од Азовстал: Ако ни снема храна – ќе ловиме птици

Тајното оружје на Путин за подигањето на борбениот морал е веќе во Украина

Пет руски олигарси, пет сомнителни смртни случаи и пет неодговорени прашања

Видео на денот