Украински генерал: Го нудам мојот живот во замена за животите на децата кои останаа во Мариупол

Украинскиот генерал Вјачеслав Аброскин, Фото: Фејсбук

Украинскиот генерал Вјачеслав Аброскин преку својот Фејсбук профил, понуди да им се предаде на руските сили во замена за животите на децата кои останале во сега веќе целосно уништениот украински град Мариупол.

Уште пред да почне војната, им ветив на жителите на градот дека во случај на војна, ќе го бранам Мариупол заедно со Азов. Денес останаа многу деца во тотално уништен град, кои ако не се спасат сега, ќе умрат во наредните денови, времето отчукува. Апелирам до руските окупатори – дајте ми можност да ги извадам децата од Мариупол. Во замена за нив се нудам самиот. Да, ве замолувам да ме пуштите во Мариупол да соберам деца и да го организирам нивното евакуирање. Ми требаат три дена. На последниот контролен пункт на враќање со децата, ќе ви се предадам. Јас сум полициски генерал кој директно од 2014 до 2018 организираше контранапад против вас во регионот Доњецк. Јас сум вклучен на вашите листи за санкции. Вие ме барате мене. Исцениравте обид да ме елиминирате.
Десетици од вас беа убиени, а илјадници ваши соучесници беа притворени со моја вмешаност. Јас сум токму генералот кој е можеби најблизок до славниот Азовски полк.
Мојот живот ми припаѓа само мене и го нудам во замена за животите на децата кои сè уште остануваат во Мариупол“, напиша Аброскин на Фејсбук.

Украинско семејството за хоророт во Мариупол: Пукаа во луѓето што чекаа ред ред за вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот