Украинска нуклеарна агенција: Руските трупи почнаа да го напуштаат Чернобил

Чернобил/Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Руските војници кои ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил на 24 февруари денеска почнаа да го напуштаат комплексот и другите исклучени зони, соопшти украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом.

„Утринава напаѓачите ги објавија своите намери да ја напуштат нуклеарната централа Чернобил”, соопшти Енергоатом на Телеграм.

Руските војници „се упатија во две колони кон украинската граница со Белорусија” и „мал број” руски сили остануваат во комплексот, се вели во соопштението.

По руската инвазија, постојат стравувања од зголемени радиолошки ризици во Чернобил.

Реакторот број четири во Чернобил експлодираше на 26 април 1986 година, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна несреќа во светот во која загинаа стотици и рашири радиоактивна контаминација на запад низ Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот