Украинците пронашле 410 тела во близина на Киев

Уништени улици во Киев/ Фото Anton Gerashenko/Telegram

Украинските обвинители кои ги истражуваат можните воени злосторства од страна на Русија велат дека пронашле 410 тела во градовите во близина на Киев.

Откако Украина соопшти дека повторно го освоила регионот околу главниот град, генералниот обвинител Ирина Венедиктова рече дека 140 од идентификуваните тела биле испитани.

Тоа следи по глобалната осуда на сцените во градот Буча, каде што телата облечени во цивилна облека беа пронајдени расфрлани по патот.

Во саботата, Венедиктова рече дека канцеларијата на военото обвинителство на Украина „ќе собере и зачува докази за руската агресија, ќе го одржува законот и редот, ќе обезбеди почитување на правата на војниците“.

Русија категорично ги отфрли наводите дека нејзините сили убиле цивили во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот