Украина и Полска се „здружија“ против Северен тек 2

Претставниците на Полска и Украина особено нагласиле дека рускиот проект Северен тек 2 претставува закана за безбедноста на Европа во енергетскиот сектор и се договориле да ја спречат неговата реализација, пишуваат руските медиуми.

Украина и Полска се договориле да преземат заеднички чекори со цел да ја осуетат реализацијата на рускиот проект Северен тек 2, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на соопштение од украинското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението, за време на посетата на шефот на украинската дипломатија Дмитрија Колеб на Варшава, страните дискутирале за соработка во енергетскиот сектор и важната улога која овие две земји ја имаат во осигурување на енергетската безбедност на Европа.

Од Министерството исто така истакнале дека двете држави имаат намера и понатами да го развиваат трилатералниот меморандум меѓу нив и САД за соработка во енергетскиот сектор со цел диверзификација на изворите на енергија, пренесува „Спутник“.

Претставниците на Полска и Украина особено нагласиле дека рускиот проект Северен тек 2 претставува закана за безбедноста на Европа во енергетскиот сектор и се договориле да ја спречат неговата реализација, пишуваат руските медиуми.

Проектот Северен тек 2 предвидува изградба на два крака од гасоводот, чиј што вкупен капацитет ќе изнесува педесет и пет милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото море, до Германија. Новиот цевковод се гради во близина на Северен тек.

Претходно американскиот Стејт департмент го вклучи Северен тек 2 и Турски тек во проектите за кои може да бидат воведени санкции. Според пресметките на американскиот државен секретар Мајк Помпео, за проектите ќе бидат воведени ограничувачки мерки кои се предвидени со законот за „борба против американски противници“ и кои предвидуваат санкции.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот