УКИМ промовираше 13 доктори на наука

фото: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје одржа промоција на доктори на наука, од областа на општествените науки, медицинските науки и здравството и техничко-технолошките науки.

На свечен и традиционален начин, ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 13 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Филозофскиот факултет, Медицинскиот факултет, Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Во доктори на наука беа промовирани Елена Ангелевска, Александар Ѓерасимовски, Симона Домазетовска и Марија Лазаревиќ, доктори на техничко-технолошки науки од областа на машинството, Јован Карамачоски, Ѓорѓи Илиевски и Васко Здравески, доктори на технички науки од областа електротехника и информациски технологии, Милена Илиќ-Пешиќ, доктор од подрачјето на општествените науки – педагогија, Елисабета Ологу, доктор по општествените науки од полето на социјална работа и социјална политика, Рина Ајдари, доктор по општествени науки од полето на социологијата – европска интеграција, Вера Пеншовска Николова, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на кардиологијата, Жарко Спасовски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на хирургијата и Ана Михајловска Рендевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата.

Автор: М.С.П.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот