УКИМ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој

УКИМ кампус
Кампус на општествени науки на УКИМ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември.

На најдобрите научници и на најдобриот уметник од факултетите на Скопскиот универзитет ќе им бидат доделени награди кои ќе им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. Ќе биде организирана и дебата на тема „Науката на УКИМ во функција на подобро општество“.

-На Светскиот ден на науката за мир и развој се потсетуваме на значајната улога која ја има науката во нашето општество и во секојдневниот живот. Токму поради тоа, УКИМ, кој има цел да е отворен универзитет со европски вредности, видлив и препознатлив во меѓународниот високообразовен и научно-истражувачки простор, секоја година го одбележува овој ден, соопшти Скопскиот универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот