УЈП: Уличните кафемати се нелојална конкуренција на угостителите
Се бараат начини и како да се оданочи производството во домашни услови
Се бараат решенија за формализирање на оние кои во домашни услови произведуваат торти, колачи, изработка на накит, украси и друго, а не го пријавуваат доходот, решавање на проблемот со кафематите бидејќи се влијае на нелојалната конкуренција на оние кои служат кафе во угостителските објекти, контрола на паркинзите каде не се издаваат фискални сметки, а фирмите сметката треба да ја пријават како трошок…
Препорачано
Ова се дел од дискусиите од средбата што ја направи Управата за јавни приходи заедно со регионалните стопански комори во Битола и во Кавадарци.
На средбите, како што соопштија од УЈП, ги потсетија даночните обврзници на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност и Законот за данокот на личен доход, со цел зголемување на доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници.
Раководителот на Сектор за даноци и услуги на даночни обврзници во УЈП, Мухедин Авдиќ истакна дека во ек на туристичката сезона, Управата за јавни приходи, преку вакви средби врши потсетување на даночните обврзници за нивните даночни обврски.


