Угледен француски хирург СИЛУВАЛ 250 деца – Ги злоставувал додека уште биле под АНЕСТЕЗИЈА

Жоел ле Скуарне (66), кој е прочуен француски хирург за абдоменот од болницата „Жонзак“, силувал 250 девојчиња и момчиња, од кои повеќето имале само четири години, за траењето на неговата долга и запазена кариера.

Тој во 2005 година е осуден за поседување фотографии од сексуално злоставување на деца, но тогаш бил само суспендиран на четири месеци. Заради успешната кариера не го „допирале“ се до 2017 година, кога неговите криминали почнале премногу да бодат очи.

Последното злосторство за кое е обвинет, е силување на две девојчиња, од 4 и 6 години, наведува Тајмс. Тој и двете обвиненија ги одрекувал, а неговиот адвокат изјавил дека тој признал „девијантно однесување“ со тие девојчиња.

Meѓутоа, француската полиција извршила претрес на неговата куќа и пронашла дневник во кој тој детално опишувал како сексуално злоставувал болни деца. Тоа што додава посебно морничава димензија на овој случај е дека повеќето од жртвите тој ги силувал откако им завршувала операцијата, додека уште биле под анестезија.

„Отворете го тој дневник и веднаш ќе го затворите, толку е ненормално перверзен“, рекла Францеска Сата, адвокат на една од жртвите. На едно место тој пишал дека многу бил нервозен што во собата на едно мало девојче на кое се возбудил влегле нејзините родители, па морал да се откаже од намерата.

Полициските детективи воспоставуваат контакт со една по друга жртва и велат дека многу од жртвите, кои сега веќе се млади луѓе, биле шокирани бидејќи не се сеќаваат дека биле силувани.

Ле Скуарне признал дека силувал „некои деца“, но тврди дека не го опишувал тоа во дневникот. Наводно тој пишувал чиста фикција.

Судењето се очекува на крај на оваа или почетокот на 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот