УЕФА бара карантинот да не важи за фудбалерите

epa08267528 The Trophy on display during the UEFA Nations League 2020-21 Draw for the League A in Amsterdam, The Netherlands, 03 March 2020. EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Европската фудбалска федерација ги повика своите членки да бараат од своите Влади да нема карантин за фудбалерите по патувањата во други земји.

УЕФА денеска донесе одлука да не го одложува новото издание на Лигата на Нации во кое ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, откако веќе започнаа квалификациите во клупските натпреварувања.

Нема да биде откажана Лигата на нации

Првото коло од новото издание ќе започне од 3. септември и во наредните пет дена сите 55. европски репрезентации ќе патуваат низ континетот, поради што УЕФА упати специјално барање до сите свои членки.

„Фудбалерите од странски екипи кога ќе доаѓаат во своите држави можеби ќе бидат приморани да одат во карантин. Ги охрабруваме Федерациите да бараат од своите Влади да нема карантин за фудбалерите и членовите на репрезентациите. Податокот дека фудбалерите ќе бидат редовно тестирани како дел од протоколот на УЕФА би требало да обезбеди ваквите барања да не претставуваат ризик за општеството“, објави УЕФА.

УЕФА е единствената од шесте континентални федерации членки на ФИФА која не ги одложи септемвриските репрезентативни активности, но не отпишува дека некои натпревари може да се одиграат на неутрален терен доколку условите и состојбата во одредена земја претставуваат ризик за организација на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот