Нема да биде откажана Лигата на нации

фото:ффм

После низа консултации одржавни во вторникот навечер и среда во текот на утринските часови, Европската фудбалска унија ја донесе одлуката да не се одложи годинешниот турнир во Лигата на нации.

Претходните денови се шпекулираше околу тоа дали новата сезона во ова натпреварување ќе започне во септември како што е планирано.

Посебно оваа можност е доведена во прашање кога ФИФА одлучи да ги откаже сите репрезентативни активности надвор од Европа. Но, УЕФА после разговорите со федерациите одлучи да не биде откажана Лигата на нации.

Најголемите европски федерации вршеа притисок ова натпреварување да биде откажано, но таа идеја не го доби потребното мнозинство гласови.

Доколку се откажеа септемвриските дуели, ќе имавме ситуација да не се игра репрезентативен фудбал повеќе од една година, што се нема случено од Втората светска војна.

По убедувањето на сите членки да се започне годинешниот турнир како што е планирано, закажана е седница на која здравствените протоколи ќе бидат детално разгледани на натпреварите кои ќе бидат во следниот месец.

Секако Лигата на нации е важна и за македонскиот фудбал, нашата А репрезентација според календарот ја очекуваат првите два меча од Лигата „Ц“, на 5 септември сме домаќини на Ерменија на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје, а три дена подоцна гостуваме кај Грузија во Тбилиси.

Останува да се види дали овие мечеви ќе се играат пред празни трибини поради ситуацијата со Ковид-19. Воедно во наредниот период очекуваме и селекторот Игор Ангеловски да го објави списокот на играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот