Ударот врз американската економија е шок со историски размери

Ќе треба да донесеме навистина многу сериозни мерки за повторно да ги натераме луѓето на оптимизам, заклучи советникот на Трамп.

Невработеноста во САД се очекува да порасне на 16 проценти и државата ќе биде принудена на дополнителни стимулации, предупреди економскиот советник во Белата куќа.

– Ситуацијата е навистина сериозна, изјави советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Кевин Хасет за Еј Би Си.

– Мислам дека таков шок никогаш не е виден во нашата економија. Ќе бидеме сведоци на приближување на стапката на невработеност до нивоа регистрирани за време на Големата депресија во 1930-те, додаде Хасет.

Тој смета дека „стапката на невработеност веројатно ќе достигне околу 16 проценти или повеќе во новиот извештај за работа во април, што ќе биде објавен на 8 мај”.

– Ќе треба да донесеме навистина многу сериозни мерки за повторно да ги натераме луѓето на оптимизам, заклучи советникот на Трамп.

Според него, исто така, се очекува падот на БДП во вториот квартал да биде „голема бројка”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот