Училиште во Мелбурн стана жариште на Ковид-19, 5 милиони луѓе остануваат во „локдаун“

Пандемија на ковид-19/ Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Пет милиони луѓе во вториот по големина австралиски град Мелбурн, ќе останат дома уште најмалку една недела откако властите денеска го продолжија карантинот, бидејќи не успееја да го намалат ширењето на вирусот во градот, пренесува Ројтерс.

Мелбурн влезе во својот шестиот „локдаун“ откако делта сојот брзо се прошири во едно училиште во градот.

Даниел Ендрус, премиерот на државата Викторија, изјави дека мерките за затварање ќе траат најрано до 19-ти август, откако беа регистрирани 20 нови случаи, меѓу кои неколку „мистериозни“.

„Има премногу случаи чие потекло не ни е јасно, за да можеме сега сигурно да излеземе од карантин“ изјави Ендрус.

Покрај Мелбурн и Синдеј уште една недела ќе биде во карантин. Во државата Нов Јужен Велс се забележани 344 нови случаи денеска.

Австралија и понатаму продолжува со строгите мерки во борбата против пандемијата која силно ја погоди.

27-годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19 во Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот