Уапсени поранешни српски војници под сомнение за учество во убиство на 78 цивили во БиХ

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Двајца поранешни припадници на војската на босанските Срби се уапсени денеска од полицијата по налог на Судот на БиХ, поради сомнеж дека учествувале во убиство на над 70 цивили од подрачјето на општина Кључ во 1992 година.

Тие се под истрага поради сомнеж дека на 1 јуни во 1992 година учествувале во напад врз селото Велагиќи, при што била заробена поголема група цивили, однесени пред зградата на основното училиште во селото, барале да се постројат и потоа пукале во нив.

Брутално биле убиени најмалку 78 цивили, чии тела потоа биле пренесени со камиони и закопани во масовна гробница, која е откриена и ексхумирана во 1996 година. Двајцата уапсени се товарат дека извршиле кривично дело злосторство против човештвото.

Општината Кључ била под окупација на српски паравоени единици до септември во 1995 година, кога е ослободена при заедничките акции кои ги спровеле Армијата на БиХ, ХВО и хрватската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот