Уапсен „рускиот Исус“, зад решетки водач на секта со 10.000 следбеници (ВИДЕО)

Водач на позната руска религиска секта е уапсен со уште две лица во Сибир, јави Би Би Си.

Сергеј Тороп, кој меѓу своите следбеници е познат како Висарион, во 1991 година ја основаше „Црквата на последниот тестамент“ во сибирскиот регион Краснојарск.

Тројцата уапсени се обвинети за изнудување на пари и нанесување физичка и психичка болка на своите следбеници.

Сергеј Тороп, Вадим Редкин и Владимир Ведерников се осомничени за тоа што „основале религиска организација меѓу чии активности било и насилство над членовите“.

Руските истражители рекоа ддека тројката земала пари од своите следбеници и дека над нив вршеле психичко и физичко насилство.

Од основањето на сектата по падот на Советскиот сојуз, 59-годишниот Тороп, инаку поранешен полициски стражар, привлекол илјадници следбеници. Некои од нив верувале дека Тороп е воскреснат Исус.

Прочитајте и...  Заразата со ковид-19 забрзано се шири во Осло

Следбениците на Црквата на последниот тестамент основале во 1995 година своја населба под името Град на Сонцето, во регионот Кураг. Неколку стотици живеат тука и во уште неколку населби во регионот. Руското министерство за правосудство објави во 2000 година дека сектата има 10.000 следбеници ширум светот.

Припадниците на Црквата на последниот тестамент не смеат да пушат, пијат или користат пари и мора да живеат во скромни услови. Исто така не смеат да конзумираат месо, кафе, шеќер, чај, леб со квасец и пченични производи. Го следат учењето кое се темели на комбинација на методи на руската православна црква и реинкарнација и се приспособуваат за „неизбежна апокалипса“.

 

Поврзани вести

Казнети 983 лица кои не носеле маска

Слободен печат

Полскиот претседател Анджеј Дуда позитивен на коронавирус

Слободен печат

Во Парагвај пронајдени тела во фаза на распаѓање кои пристигнале во контејнер од Србија (ВИДЕО)

Слободен печат

Трамп: Наскоро ќе ставиме крај на пандемијата, Бајден ја преувеличува ситуацијата

Слободен печат

Георгиевски: Историската комисија има направено големо поместување напред

Слободен печат

Стојанов: Треба да се почитуваат мерките за да не се оптерети премногу здравствениот систем

МИА

Остави Коментар