Уапсен претседателот на Фудбалската федерација на Косово

Фото: Screenshot

Претседателот на Фудбалската федерција на Косово, Агим Адеми бил уапсен денес, oбјавија косовските медиуми.

Засега причините за приведувањето на Адеми не се познати. Медиумите во регионот во претходните години пренесуваа дека ФС Косово е под истрага на обвинителството и царинската служба поради злоупотреба на средства и затајување данок.

Адеми минатата недела беше прогласен за невин по обвинувањата против него од 2012 година, тогаш првобитно беше осуден на девет месеци затвор, но потоа Врховниот суд го повтори судењето. На крајот Основиот суд во Приштина го прогласи за невин. На местото претседател на Фудбалската федерација на Косово тој го наследи славниот фудбалер Фадиљ Вокри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот