Уапсен Џулијан Асанж! (ВИДЕО)

фото:ЕPA-EFE/ANDY RAIN

Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Како што јавува „Би-Би-Си“, тој е уапсен после седум години поминати во амбасадата на Еквадор, која му одобри азил.

Веста ја потврди британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид.

-Можам да потврдам дека Асанж е во притвор и дека е соочен со правосудството во Британија“ – изјави министерот.

„Викиликс„ на својот твитер-налог објави дека полицијата веднаш влегла во зградата и го привела.

Асанж во амбасадата на Еквадор се наоѓаше од август 2012 година, откако се скрил од страв дека британските власти ќе го уапсат и ќе го екстрадираат во САД, кои го бараат поради објавување на илјадници тајни воени и дипломатски документи.

Асанж некои го доживуваат како херој, бидејќи како што сметаат, ги разоткрил владите по повод злоупотребата на овластувањата и го сметаат за борец за слободата на говор. За други тој е бунтовник кој ја загрозил безбедноста на САД.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот