У17: Пораз на фудбалерките во битката за првото место на квалификацискиот турнир од Б лигата

фото: ffm.mk

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години загуби со минимални 2:1 од домаќинот, Косово во битката за првото место на квалификацискиот турнир од Б лигата.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска иако имаа предност од 1:0, на крајот во еден возбудлив и интересен меч до самиот крај загубија со 2:1.

Нашите фудбалерки последните 20 минути од средбата ги одиграа со играч помалку. Исклучена беше Комненова која во периодот од 66 до 69 минута заработи два жолти картони.

Стрелец на голот за водство на Македонија го постигна Попески во 11 минута. Косово го израмни резултатот во 27. минута преку Фека. Голот за победа на Косово го постигна Хокха во 84 минута од мечот.

Македонија: Комненова, Коловска, Додевска, Крстева, Василева, Величковска, Трендова, Боризоска, Галабовска, Попески, Грозданова.

Во претходните два меча нашите фудбалерки во групата „1“ беа подобри од Грузија со 5:0 и Ерменија со 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот