У17: Македонските ракометарки поразени во првото коло на Европското првенство

фото: facebook.com/rfmofficial

Денеска македонската женска репрезентација за ракометарки до 17 години во првото коло на Европското првенство во Црна Гора загуби убедливо со 40:27 од Романија. По првото полувреме романската селекција имаше предност од осум голови разлика (23:15).

Најрасположена во нашата репрезентација беше Ива Младеновска која 10 пати се запиша во листата на стрелците.

На спротивната страна по шест погодоци имаа Лавиниа Теодора Дамиан и Марија Габриела Тулеа.

Во нашата група „Д“ првите бодови ги освои и Франција која со 33:28 ја совлада Унгарија.

Нашиот следен противник ќе биде Унгарија в петок (4 август) од 13.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот