Твитер ќе ги забрани сите политички огласи

Компанијата „Твитер” денеска соопшти дека ќе ги забрани сите видови политичко огласување на оваа социјална мрежа ширум светот.

Извршниот директор на компанијата Џек Дорси на Твитер наведе дека досегот на таквите пораки „треба да биде заслужен, а не купен”, пренесува Би-Ви-Си.

Тој додаде дека одлуката за забрана на политичко огласување ќе стапи на сила на 22 ноември и дека ќе важи за сите изборни огласи, како и за огласите што се поврзани со политички прашања, наведува Гардијан.

– Иако огласувањето на интернет е неверојатно моќно и многу ефикасно за комерцијалните огласувачи, таа моќ донесува значајни ризици за политиката, наведува Дорси.

Најновиот потег на Твитер е во целосна спротивност со одлуката на ривалската социјална мрежа Фејсбук, која претходно овој месец соопшти дека нема да проверува нити отстранува огласи што ги објавуваат политичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот