Туск: Конфликтот на Полска и Унгарија со ЕУ може да предизвика распаѓање на блокот

Фото: EPA-EFE/Wojciech Olkusnik POLAND OUT

Конфликтите на Полска и Унгарија со Европската унија можат да предизвикаат процеси што можат да доведат до распад на блокот, предупреди поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск.

Неговите забелешки доаѓаат во време на продлабочување на разликите меѓу двете земји и ЕУ околу демократски стандарди во блокот. Брисел е во остар спор со Варшава и Будимпешта за прашања како што се независноста на судството и слободата на медиумите. Конфликтот ескалираше оваа недела откако Уставниот суд на Полска донесе одлука дека земјата не треба да ги спроведува пресудите на Судот на ЕУ, а Европската комисија отвори кривична постапка против двете држави во врска со прават ана ЛГБТ заедницара.

„Ако се најдат повеќе такви земји кои упорно штетат на Европската унија, тоа едноставно може да стави крај на оваа организација“  изјави Туск за приватната телевизија Ти-Ви-Ен 24. Тој е лидер на најголемата опозициска партија во Полска – „Граѓанска платформа”.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека огромното мнозинство Полјаци го поддржуваат членството на земјата во ЕУ и нема правен механизам за исклучување на земји од блокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот