Турски државјанин осомничен за обид за убиство

Полиција / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Република Турција со живеалиште во Скопје кој е осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 23 јуни, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, се обидел да лиши од живот едно лице, по претходна расправија и фисичка пресметка. Осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент осомничениот извадил пиштол и испукал три проектили кон оштетениот, нанесувајќи му огнено-стрелни повреди во десната потколеница.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното длео, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот