ВИДЕО | Турканици за бесплатни јајца во Велес — мораше да интервенира полицијата
За само еден час во Велес волонтери бесплатно поделија околу две илјади табли јајца, како донација од велешани кои живеат и работат во САД, односно од компанијата „Шилер“, чија дејност е камионски превоз на стока, објави СДК.мк.
Препорачано
Во еден момент, поради големата метеж и безредието што се создадоа, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуално стампедо и повреди кај граѓаните.
Некои од присутните земаа и по две-три табли со објаснување дека ги земаат за болни роднини или за соседи кои не можеле да дојдат. Граѓаните добија табли со јајца кои на пазарот вредат 300 денари, а пред покачувањето, пред десетина дена, чинеа 200 денари. Покрај јајцата, тие добиваа и по една кесичка црвена боја. За најмладите беше организирана забава со кловн и цртање велигденски мотиви.
Ова е трета година како компанијата „Шилер“ во Велес бесплатно дели табли со јајца.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
34мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


