Турција нареди притворање на повеќе од 300 поддржувачи на Фетулах Ѓулен

Полиција во Турција / Фото Архиа

Турските власти наредиле притворање на уште 318 осомничени поддржувачи на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој со години живее и се крие во САД, а во врска со неуспешниот пуч во 2016 година, каде тој е посочен за организатор, објави денеска агенцијата Анадолија.

ДПА пренесува дека повеќето од осомничените се припадници на војската, кои се товарат за своите врски со Ѓулен.

Денешните рации се изведени во неколку провинции, вклучувајќи ги и Истанбул и главниот град Анкара.

Во Измир се бараат 167 активни или поранешни војници, додека јавниот обвинител во Истанбул нареди апсење на 84 осомничени лица, јави Анадолија.

ДПА јавува дека се приведени веќе приближно 200 лица, додека полицијата трага по останатите осомничени низ целата земја.

Турција го смета движењето на Ѓулен за терористичка организација и постојано соопштува дека неговата мрежа со децении се инфилтрирала во клучните јавни институции за да го контролира она што владата го нарекува „паралелна држава”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот