Турчинот Озбајер е нов тренер на Гостивар

Фото: KF Gostivari

Maкедонскиот прволигаш Гостивар објави дека нов тренер на екипата ќе биде Турчинот Емре Озбајер, а ќе му помага асистентот, Мустафа Алтуналан.

Озбајер на клупата на Гостивар доаѓа на местото на Мурат Дабан и ќе се обиде да го пренесе своето искуство на македонската екипа која веројатно ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната.

Во овој момент Гостивар се наоѓа на претпоследното место со десет освоени бодови, пет повеќе од Вардар кој е на последото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот