Туција: Бесењето на кукла со ликот на Ердоган е чист расизам, а Шведска не презема ништо

Фото: Profimedia

Турскиот министер за надворешни работи, Мелвут Чавушоглу, денеска го нарече „чист апсурд” тоа што шведскиот државен обвинител не презема ништо во врска со инцидентот во кој демонстранти обесија маскота на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на турската дипломатија истакна дека инцидентот е расистички напад, злосторство извршено од омраза.

„Шведска не треба ниту да се обидува да ја залаже Турција дека се работи за слобода на говор”, додаде Чавушоглу.

Шведскиот обвинител денеска изјави дека нема да покрене официјална истрага во врска со овој случај.

Минатата недела на протест на Курдите што се одржа во центарот на Стокхолм, демонстрантите на бандера обесија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турците посочија дека овој случај е спротивен на договорот меѓу Шведска и Финска со Турција, членка на НАТО, од која очекуваат одобрение за нивниот прием во Алијансата, и дека ќе се сузбие делувањето на курдските активисти.

Шведска лута на Курдите кои обесија кукла со ликот на Ердоган во Стокхолм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот