Трудо ја претстави новата влада

Џастин Трудо/ Фото EPA-EFE/ERIC BOLTE

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој ја претстави новата влада неколку дена пред почетокот на климатскиот самит КОП26, избра еколошки активист за министер за животна средина, пренесува Си-Би-Си. 

Долгогодишен велосипедист и поранешен функционер на Гринпис, Стивен Гилбо посвети голем дел од својата кариера на еколошките прашања, по што беше назначен за министер за култура и наследство во 2019-та година.

Џастин Трудо, кој минатиот месец беше избран за премиер по трет пат, но без мнозинство во канадскиот парламент, понекогаш е на удар на критичарите поради неговите еколошки перформанси.

Канада има трета по големина нафтена резерва во светот и економијата на западните провинции на земјата во голема мера се потпира на фосилни горива.

Целите за намалување на емисиите на стакленички гасови, поставени од Трудо во април за меѓу 40 и 45 проценти до 2030-та година во споредба со 2005-та година, се далеку од американските и европските цели.

Национализација на нафтоводи

Критичарите го обвинуваат премиерот за национализација на гасоводот во 2018-та година, што беше остро осудено од тимот на Стивен Гилбо.

Трудо формираше нова влада од 38 министри, вклучувајќи неколку нови лица.

Премиерот ја унапреди Мелани Жоли на функцијата министер за надворешни работи, за да го замени астронаутот Марк Гарно, кој ја напушта владата. 

Поранешната министерка за снабдување Анита Ананд, задолжена за испорака на вакцината против ковид-19 во Канада, станува министерка за одбрана. Таа е втората жена што ја извршува оваа функција додека високи функционери се соочуваат со обвиненија за сексуално вознемирување.

На почетокот на овој месец, Џастин Трудо стави до знаење дека приоритетите на неговата влада ќе бидат борбата против ковид-19, помирувањето со домородците и изградба на национална мрежа на центри за згрижување деца. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот