Трудо е првиот странски лидер кој разговарал со Бајден

Канадскиот премиер Џастин Трудо/Фото: EPA-EFE/STR

Канадскиот премиер Џастин Трудо и американскиот претседател Џо Бајден планираат да се состанат следниот месец, соопшти кабинетот на премиерот по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери за односите меѓу двете земји, во кој се согласија да ги здружат силите во борбата против коронавирусот во Северна Америка.

Белата куќа потврди дека двајцата лидери ја нагласиле „стратешката важност на американско-канадските односи” во вчерашниот разговор, како и дека дискутирале за поширока соработка, вклучително и за борбата против пандемијата на Ковид-19 и справување со климатските промени.

Потврдено е дека Трудо и Бајден повторно ќе разговараат за еден месец, а канадскиот премиер е првиот странски лидер што разговарал со Бајден од неговата инаугурација во средата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот