Тројца Македонци во АЕК Ларнака, потпиша и Спировски

facebook.com/stefan.spirovski

Играчот од средниот ред со кипарскиот клуб се согласи за договор на две години, ќе им се придружи на Тричковски и Мојсов.

Уште еден наш играч ќе настапува за кипарскиот клуб, Стефан Спировски одлучи да ја продолжи кариерата во АЕК Ларнака.

За оваа екипа веќе настапуваат двајца македонски фудбалери, тие се Иван Тричковски, еден од најдобрите стрелци на клубот и дефанзивецот Даниел Мојсов кој пред четири дена ја продолжи соработката.

Спировски (29) досега ги бранеше боите на Хапоел Тел Авив, а беше дел и од Ференцварош, Вардар, Берое, Работнички, Борац Чачак и Пелистер.

Играчот од средниот ред се согласи за договор на две години, за израелскиот клуб Хапоел Тел Авив запиша 24 натпревари и шест голови.

За најдобрата македонска репрезентација има 31 меч и еден погодок пред три години во пријателската против Белорусија (3:0) во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот