Тројца повредени во сообраќајка кај Сарај

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Тројца повредени е црниот биланс од денешната сообраќајка која се случи на влезот на Скопје, кај мостот за Сарај. Повреднеите се пренесени на лекување во Клиниката „Мајка Тереза“.

„Денеска во 10:10 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Ѓорче Петров со улицата Сарај, во близина на мостот Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б. (52) од скопското село Љубин и возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од Љ.С. (51) од Охрид. Двајца возачи и сопатничката С.С. (46) се здобиле со повреди и се пренесени на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот