Трипл-даблот на Јанис доволен за победа против Портланд

twitter.com/BurnerKnicks

Јанис Антетокумпо го запиша својот втор „трипл-дабл” за сезоната, а Милвоки забележа нова победа, овој пат против Портланд во 137:129.

Суперsвездата заврши со 24 поени, 19 скокови и 15 асистенции и стана првиот играч во историјата на тимот со индикатори од најмалку 20-15-15.

Си Џеј МекКолум ги предводеше Трејлблејзерс со 37 поени и Кармело Ентони додаде 18, но недостатокот на повредените Дамјан Лилард, Хасан Вајтсајд и Зак Колинс го стави тимот во тешка ситуација.

Гостите сепак се бореа цврсто и во средината на последната четвртина се приближија на 117:115, но тројки на Брук Лопез и Весли Метјус решија сè. Милвоки го подобри својот баланс на 12-3, додека Портланд има само 5-11.

Во вториот натпревар за вечерта, Брендон Инграм постигна 15 од своите 28 поени во последната четвртина за да им овозможи на Њу Орлеанс да ја освојат својата посета кај Феникс со 124:121.

Тоа беше трет последователен успех на „пеликаните”, а за „сонцата” ова беше трет последователен пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот