Трилерот во Бостон му припадна на Селтикс (ВИДЕО)

Фаворитите за трофејот Бостон селтикс и ЛА Клиперс одиграа вистински трилер натпревар во кој победникот беше решен по две продолженија.

Домашниот тим на крајот триумфираше иако во последната минута Клиперси влегоа со еден поен предност.

Натпреварот во регуларното време заврши со 114:114, при што Кемба Вокер го промаши шутот за победа на Бостон. Нерешено беше и по првото продолжение, а овој пат Џејсон Тејтум го промаши шутот за победа. Во второто продолжение одлучувачка за победата беше серијата од 9:2. Џејсон

Тејтум беше најдобар на средбата со 39 поени и девет асистенции, додека Маркус Стјуарт постигна 31 поен, а Гордон Хејворд 21 поен и 13 скокови.

Во редовите на Клиперс најдобар беше Лу Вилијамс со 35 поени, а забележителен учинок имаше и Каваи Ленард со 28 поени и 11 скокови.


Во вториот меч за вечерта, Оклахома Сити со 123:118 го совлада Њу Орлеанс со 123:118, а прво име во триумфот беше Данило Галинари со 29 постигнати поени. Првиот пик на драфтот, Зајон Вилијамсон продолжи со одличните игри и постигна 32 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот