Три силни земјотреси ја стресоа Македонија во последните два часа

Вечерва во 22.28 часот е регистран земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер на 28 километри североисточно од Гостивар. Бил на длабочина од 2 километри и се почувствувал и на Косово.

Претходно во 22 часот и 17 минути е регистриран земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер со епицентар кај Мавровско езеро.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 10 километри во близина на Мавровско езеро.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот