Тргна по стапките на Меган Маркл: Војвотката Кејт ја отпушти долгогодишната асистентка

профимедиа

Според пишувањето на британските медиуми, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ја отпуштила својата долгогодишна асистентка Софи Агњу откако таа се вратила од меден месец, па со овој чин таа ја изненади јавноста.

Како што се дознава, Софи за Кејт работела седум години како координаторка на приватните асистентки на војвотката од Кембриџ. Оваа одлука ги изненади сите од кралството, како и членовите на нејзиното семејство.

View this post on Instagram

My Queen?❤️ #katemiddleton

A post shared by ?? ??? ??????? ?? ????????? ?? (@duchessofcambridge_catherine) on

– Сите малку се шокирани бидејќи тоа беше неочекувано. Изгледа како екстремно намалување на трошоците, изјави извор за Дејли мејл, а некои погодуваат дека станува збор за последица од заладувањето на односите на принцовите.

Софи и беше верна помошничка на Кејт Мидлтон и одеше со неа на речиси сите службени патувања и ништо не и покажувало, ниту пак насетувала дека на оваа одлична соработка наеднаш ќе и дојде крајот.

https://www.instagram.com/p/B3l5Nx7BAYy/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Сите се изненадени од одлуката на Кејт Мидлтон бидејќи досега Меган Маркл беше позната по лошите односи кон вработените, поради што во краток временски период остана без доста членови на својот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот