Тренчевска вели дека жени ѝ се јавуваат, ѝ се заблагодаруваат за одговорот кон владиката Петар

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска вечерва во гостувањето на ТВ21 се осврна на случувањата со митрополитот Петар од МПЦ-ОА и нејзиниот одговор на контроверзните изјави на владиката.

Министерката вели дека наишла на поддршка кај жените.

„Да, имам поддршка од жените… Вчера бев во еден маркет, и едни жени ми пријдоа, кои првпат ги гледам, и ми се заблагодарија што во нивно име одговорив така“, вели Тренчевска.

На прашањето зошто му треба тоа, Тренчевска вели дека владиката само сака да привлече внимание.

„Можеби сака да привлече внимание во јавноста. Долги години дава изјави такви за жените. Не знам која му целта“, додава Тренчевска.

Внимание: Петар маскиран во мантија повторно напаѓа жени!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот