Трансферот на Елмас ќе биде објавен в петок?

twitter.com/fanatikcomtr

Екипата на Фенербахче в петок ја очекува одлуката на УЕФА, околу истрагата за наводното прекршување на правилата за Финансискиот ферплеј, по што ќе се знае каква трансфер политика ќе има турскиот клуб во текот на летниот преоден рок.

Од Истанбул најавуваат најмалку пет звучни засилувања во составот, а се очекува и заминување на најталентираниот македонски фудбалер Елиф Елмас.

За Елмас се бара обештетување од 18 милиони евра, а моментно поголем број на европски екипи се заинтересерани за нашиот репрезентативец, но од турскиот клуб ќе ја чекаат одлуката од Нион.

Атлетико не е во игра

Атлетико Мадрид демантира дека испратиле понуда за Елмас, но потврдено е дека за него заинтересирани се од неколку италијански и еден англиски тим.

– Постојано има нови вести за мојот трансфер, но мојот татко е мојот менаџер и сигурен сум дека ќе ја донесе вистинската одлука за иднината на мојата фудбалска кариера – оваа изјава на Елмас беше пренесена од шпанскиот весник „Ел мундо депортиво”.

Токму неговиот татко порача дека во моментов четири големи италијански екипи се подготвени да ја исплатат посакуваната сума.

Не е тајна дека веќе подолго време за него се заинтересирани од поголем број на тимови од „стариот континент”.

Премиер лигата е следната дестинација?

Претходно објавивме дека и финалистот од Лигата на шампионите, тимот на Тотенхем. Од таму се понудени 19 милиони евра, како и уверување дека фудбалерот би добил шанса да се докаже во стартниот состав на тимот од Северен Лондон.

Познато е дека голем интерес за нашиот фудбалер има и од тимот на Интер, а посредник во овие преговори бил капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

Не треба да се потцени ниту интересот на Милан или Фиорентина, а веќе од поодамна е познато дека за 19 годишниот Елмас се заинтересирани и од Борусија Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот