Трансфер бомба во најава, Санчо ја договори платата со англиски гигант

Џејдон Санчо/twitter/United News Hub

Нов пресврт во случувањата околу иднината на Џејдон Санчо во Борусија Дортмунд и неговото враќање во Англија. Останува уште „милионерите“ и Манчестер јунајтед да се договорат за висината на обесштетувањето. 

Фудбалска вест број еден во Англија е Џејдон Санчо кој ги договори личните услови со Манчестер јунајтед. Оваа вест ја пренесоа речиси сите англиски новинари, а според нив Санчо се договорил на „Олд трафорд“ да има неделна плата од 200.000 евра неделно и сега останува потешкиот дел за Манчестер јунајтед, да се договори со Борусија Дортмунд за висината на обесштетувањето.

Наводно, најголема желба на Санчо е да заигра за Манчестер јунајтед иако потекнува од академијата на градскиот ривал, а во исто време да игра заедно со неговиот голем пријател Маркус Рашфорд.
Санчо доколку летово се пресели на „Олд трафорд“ тогаш го чека дресот со број седум, откако Алексис Санчез ќе потпише перманентен договор со Интер.

Германскиот тим бара најмалку 120 милиони евра за да го пушти Санчо кој има договор со „милионерите“ до 2022 година, а за очекување е двете екипи да се договорат така што Јунајтед би платил веднаш помеѓу 80 и 90 милиони евра, а останатата сума до бараните 120 милиони ќе ја исплаќа на рати во наредните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот