ТРАМП ЗА МАЛКУ КАКО ДАЧИЌ? Гром за влакно го промаши претседателскиот авион (ФОТО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп стави на социјалните мрежи драматична фотографија од молња која удира директно во претседателскиот авион, што го присили да се откаже од планираното надгледување на подрачјата кои ги уништил ураганот Доријан.

Фотографијата настанала на аеродромот Марин Корпс во Северна Каролина. На неа се гледа познатиот претседателски авион Ер Форс 1, а од тмурното небо молњата потполно вертикално удира за малку зад авионот.

Првобитно било планирано Трамп со хеликоптер да ги надгледа подрачјата погодени со ураганот Доријан, но по овој инцидент се повлекле од таа идеја, па на претседателот во авион му е претставен извештај за настраданите, повредените и настанатата штета.

Громот удри непосредно по слетувањето на Трамп, а фотографијата е направена од местото на кое новинарите чекаа.

Инаку само пред една недела шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ доживеа уште една непријатна ситуација кога над Љубљана гром удри во неговиот авион со кој летал кон Блед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот