Трамп со порака до норвешкиот премиер: Не ми ја дадовте Нобелова награда, не сум должен да размислувам за мирот
Американскиот претседател Доналд Трамп испратил писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, тврдат водечки норвешки медиуми, во кое го информира дека „не се чувствува должен да работи исклучиво за мир“, со оглед на тоа што „неговата земја одлучила да не му ја додели Нобеловата награда за мир“.
Препорачано
Драг Јонас, со оглед на тоа што вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако запрев најмалку осум војни, повеќе не се чувствувам должен да размислувам исклучиво за мирот, иако тој секогаш ќе преовладува, но сега можам да размислувам за тоа што е добро и исправно за Соединетите Американски Држави. Данска не може да го заштити Гренланд од Русија или Кина. Зошто воопшто би имала „право на сопственост“?“, се наведува во пораката на Трамп.
Понатаму Трамп додава дека „нема писмени документи; само еден брод се закотвил таму пред стотици години, но и ние сме прикотвиле бродови таму“.
Јас направив повеќе за НАТО од кој било друг човек од неговото основање, а сега НАТО треба да направи нешто за Соединетите Американски Држави. Светот не е безбеден ако немаме целосна контрола врз Гренланд. Ви благодарам! Претседателе ДЈТ“, се вели во пораката на Трамп до норвешкиот премиер.
Норвешкиот дневен весник „Верденс Ганг“ ја објавува реакција од Сторе во која вели дека пораката од Трамп ја добил во недела попладне како одговор на кратката порака до претседателот што ја испратил претходно тој ден во негово и во име на претседателот на Финска, Александар Стаб.
Пораката на Трамп, која стигна до неколку европски амбасадори во Вашингтон, првпат ја објави новинарот на ПБС, американската некомерцијална телевизиска мрежа, Ник Шифрин. Пораката предизвика невеување во Норвешка. Медиумите постојано истакнуваат дека норвешката влада нема никаква врска со доделувањето на Нобеловата награда.
Во пораката до Трамп, го пренесовме нашиот став против неговите тарифи насочени кон Норвешка, Финска и други земји. Ја нагласивме потребата од деескалација на размената на зборови и побаравме телефонски разговор меѓу Трамп, Стаб и мене во текот на денот. Одговорот на Трамп дојде кратко откако ја испративме пораката. Изборот на Трамп беше да ја сподели пораката со другите лидери во земјите од НАТО, изјави Сторе.
Тој додаде дека ставот на Норвешка за Гренланд е јасен.
Гренланд е дел од Кралството Данска и Норвешка целосно го поддржува во тоа прашање. Ние, исто така, ја поддржуваме одговорната јакнење на работата на НАТО за безбедноста и стабилноста на Арктикот. Во врска со Нобеловата награда за мир, јасно му објаснив на Трамп неколку пати она што е добро познато, дека наградата ја доделува независен Нобелов комитет, а не норвешката влада“, вели Сторе.


