Трамп: Пандемијата веројатно ќе се влоши пред да биде подобро

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да носат заштитни маски, доколку не можат да го задржат оддалеченост од други луѓе, и оцени дека ситуацијата во врска со коронавирусот веројатно ќе се влоши, а потоа ќе се подобри.

– За жал, пандемијата веројатно ќе се влоши пред да биде подобро, рече Трамп на првиот брифинг посветен на пандемијата на вирусот по неколку месеци.

Трамп исто така ги повика младите во САД да ги избегнуваат баровите каде што се наоѓаат голем број луѓе и да се однесуваат „паметно”.

– Ги повикуваме сите да носат маска кога не можат да ја задржат оддалеченоста. Без разлика дали сакате да носите маски или не, тие имаат влијание, тие имаат ефект, рече Трамп.

Американскиот претседател на тој начин ја промени реториката во врска со носењето маски. Трамп претходно рече дека носењето маска е личен избор на поединецот.

Во изминатите 24 часа во САД беа регострирани нови рекордни 68.524 случаи на заразени. Во тој период има 961 смртен случај и тоа е осми ден по ред на толку голем раст на заразени. Вкупно во САД има речиси четири милиони заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот