Трамп им се заканува на демонстрантите со сила: Нема да ги уривате нашите споменици! (ВИДЕО)

epa08503106 The statue of Andrew Jackson is seen defaced and with ropes on it after protesters attempted to pull it down, which prompted police to clear Lafayette Park across the street from the White House, in Washington DC, USA, 22 June 2020. Police used chemical agents to clear out Lafayette Park and skirmishes broke out between protesters and police. The death of George Floyd in the Minneapolis police custody on 25 May 2020 has sparked global protests demanding justice and racial equality. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Мети на демонстрантите најчесто се споменици на генерали на Конфедерацијата, но урнати се и статуите на Кристифор Колумбо.

Претседателот Доналд Трамп рече дека ќе издаде извршна наредба по прашањето на американските историски споменици, додека движењето за отстранување на спомениците кои активистите ги сметаат за расистички добива замав, што е само дел од пошироките национални протести поради расната неправда.

„Нема да ги уриваат нашите споменици“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Ќе издадам извршна наредба наскоор и тоа ќе го зацврсти она што веќе го имаме, ќе даде рамнотежа“.

Трамп денеска исто така најави одобрување, „кое стапува на сила веднаш“, дека ќе го уапси секој ќе го осквернави сеќавањето на припадниците на вооружените сили на сојузна земја и се закани дека ќе употреби сила против демонстраните во Вашингтон. Сојузните власти имаа минатите 17 години право да го затворат или казнат секој оној кој уништува споменици, според Законот за ветерански споменици.

Демонстраните во понеделникот се обидоа да го урнат споменикот на Ендру Џексон, седмиот американски претседател, во паркот близу Белата куќа, но полицијата ги растера пред да успеат со јажиња да го урнат споменикот.

Џексон, сопственик на плантажа со црни робови, бил претседател во два мандати од 1829 до 1837 година, со популистички карактеристики, поради што понекогаш го споредуваат со Трамп.

Пред претседателскиот мандат, демократот Џексон во 1830 година го потпишал Законот за преселување на Индијанците, со кој присилно е исселено домородното население од југот на САД во просторите западно од реката Мисисипи, при што во текот на долгиот пат, кој е наречен Патека на солзите, починале илјадници Индијанци.

Мети на демонстрантите најчесто се споменици на генерали на Конфедерацијата, но урнати се и статуите на Кристифор Колумбо, додека во Сан Франциско во саботата протестантите го урнаа споменикот на генералот на Унијата Улисес Грант како и на светецот заштитни на Сан Франциско Свети Јупитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот